Вкупно, на целата територија на Република Северна Македонија санкционирани биле 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина 50 километри на час над дозволената брзина, информираат од полицијата.
Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта, стои во соопштението на МВР.