Полицијата приведе 61-годишен кумановец откако кај него пронашла повеќе кутии со пиротехника.
-Денеска во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Е.(61) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени повеќе кутии со пиротехнички средства – петарди. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-информира полицијата.
