70 возачи казнети за два дена

Во текот на изминатите два дена, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи. На подрачјето на Куманово санкционирани се 54 возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, 5 под дејство на алкохол, 4 управувале возило без возачка дозвола  и 7 за непрописно престигнување. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)