70 милиони денари за зголемена енергетска ефикасност на домаќинствата

Ќе продолжи финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци.

За сите три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра и ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, во вкупен износ од 15 милиони  денари;

За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 25 милиони денари

За надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 30 милиони денари.

Огласите за сите три мерки ќе бидат објавени до крајот на март.

Коментари

коментар(и)