72-годишен кумановец измамен за 300 евра

Во СВР Куманово утринава во 11 часот, 72-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 300 евра.

Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва на што истиот се согласил и заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, информира полицијата.

Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе го земе камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга побарало пари во износ од 300 евра, со објаснување дека огревните дрва се сечат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)