77-годишен кумановец удрил во малолетен пешак

Седумдесет и седумгодишен кумановец со својот автомобил удрил во малолетен пешак во Куманово, при што детето било тешко повредено.

Во кумановската полиција било пријавено дека на ул.„Вук Караџиќ“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.М.(77 години) од Долно Којнаре, кумановско, удрило во малолетен пешак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)