95 % од втората фаза од патот Куманово -Страцин е завршен

Над 95% од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот 8 е од особено значење за целата држава, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на завршување на градежните работи на овој магистрален пат. Во оваа втора фаза се рехабилитираа 16,6 километри од селото Војник до Страцин. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 7,2 милиони евра. Паралелно се изведуваат градежните работи на првата фаза од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 5,4 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми изјави дека минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион се комплетира Коридорот 8.

Коментари

коментар(и)