На пензионерите им недостигаат клубови

На кумановските пензионери им недостигаат клубови, во делови на градот каде што живее поголема концентрација на повозрасни лица. Во клубовите кои што сега ги поседува Здружението на пензионери од Куманово, овие лица слободното време го користат за дружба и играње друштвени игри. Пензионерите планираат да отворат вакви простории и во населбата Гоце Делчев, Долно Којнаре, Игор Тричковиќ и Умин Дол.

-Здружение на пензионери во својата агенда посветуваше постојано внимание на проширување на мрежата на клубови на пензионерите како во урбаните така и во руралните заедници. Во овие катичиња за разонода пензионерите се занимаваат со игри, како што се шах, табла, домино, карти и друго -изјави  Ристо Даутовски, секретар на Здружението на пензионери Куманово.

Инаку здружението на пензионери веќе поседува клубови во Карпош, Тоде Мендол, Зелен рид, Желензичка станица, центарот на градот, како и во Липково, Љубодраг и Агино село.

-Во соработка со Здружението на воени и полициски ветерани нашите пензионери престојуваат и ги користат условите на клубот „Христијан Карпош“. Бидејќи е летен период е намален бројот на пензионери, околу 15 до 20 лица дневно го посетуваат клубот, а преку зима има многу повеќе посета-додаде тој.

 

 

 

Коментари

коментар(и)