Во чест на Тоше Проески, организирана крводарителска акција

Здружението на Коледари од Куманово организира крводарителска акција во чест на Тоше Проески на ден 27ми Јануари, среда од 9 до 14 часот. Поради ситуацијата со Ковид 19, акцијата не може да се оддржи во просториите на коледарскиот клуб, туку ќе биде на одделот трансфузија во градската болница Куманово. Роденденот на Тодор Тоше Проески е денеска 25ти Јануари. Во својот краток животопис, тој оствари плодна кариера и ни ги остави најубавите мелодии од поп жанрот. Македонија никогаш нема да го прежали и секогаш ќе му оддава почит достојна за неговото дело.

Коментари

коментар(и)