Ќе се поврзат улиците „11 Октомври” и „11 Ноември” во Куманово

Економски оператори, заинтересирани за огласот во кој се повикува на реконструкција на кракот помеѓу улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“, треба да достават соодветна документација, потврда за регистрирана дејност, , лиценца од Министерството за транспорт и врски, да имаат вработено соодветен кадар и да располагаат со повеќе видови механизација за извршување на градежниот зафат. Огласот го објави одделението за јавни набавки на Општина Куманово и информираше дека за реконструкцијата се одвоени 4.915.000 денари без ДДВ. Понудите ќе бидат отворени на 17ти овој месец. Од Одделението за јавни набавки информираа дека за реконструкцијата е планирано да се одвојат 4.915.000 денари без ДДВ, а понудите ќе бидат отворени на 17-ти овој месец. На оваа локација инаку имаше вкупно 24 времени објекти што беа сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и што општината неодамна ги отстрани.