Имплементирање, не само ажурирање на Законот за урбанистичко планирање (ВИДЕО)
Голема е потребата од дебати и стручни трибини кога е во прашање донесување на нови урбанистички планови – е констатацијата на професор доктор Мирослав Грчев, кој беше гостин на „Куманово План“. Мора да се почне со активна инволвираност на службите на ова поле, за да се откочат процесите во урбанистичкото планирање, дециден беше професорот.