Дали ФЗЦ „11 Октомври“ оди под залог кај Комерцијална банка?

Во предлог одлуките на Собранието на акционери на фабриката за заварени цевки и профили, „11 Октомври“ АД Куманово, стои дека на претстојното Собрание закажано за 11.03 2021 година, ќе се одлучува за задолжување на друштвото, за заложување на недвижниот и подвижен имот и обезбедување со меници. Македонската берза ги објави овие предлог одлуки во кои уште се наведува дека задолжувањето е заради обезбедување на побарувањето на Комерцијална банка АД Скопје врз основа на кое е засновувањето заложно право врз следниот имот: нова фабрика за цевки со вкупна површина од 48.190 м2, стара фабрика за цевки, со вкупна површина од 51.000 м2, како и опрема и машини. Исто така, се бара согласност врз основа на договорот за кредит друштвото да издаде 3 бланко сопствени меници за да банката ги употреби за наплата на своите побарувања без протест.