50 кумановци вчера казнети за неносење маска

Педесет граѓани на Куманово вчера добиле казна од полицијата поради непочитување на задолжителната законска обврска за неносење заштитна маска на лицето. Поточно, на ниво на Секторот за внатрешни работи од Куманово, вкупно 90 лица не ја почитувале уредбата, од кои 25 во Крива Паланка, а 15 во Кратово.