Општина Куманово доби донација од 16 лап топ компјутери

Општина Куманово денеска доби донација од шеснаесет лап топ компјутери од Асоцијацијата за демократски развој на Ромите “Сонце”-Тетово. Донацијата, која ќе биде наменета за поддршка на учениците од основните училишта од социјално ранливи семејства, ја прими Градоначалникот на општината Димитриевски. Истата е обезбедена во рамките на проектот “Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот- Никој да не биде изоставен-”, во партнерство со Здружение на општини, Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија-ЗЕЛС.