Општинскиот штаб за заштита и спасување вчера оддржа состанок од кој порачаа:
„Апелираме до граѓаните, кои ги чистат снежните наноси пред дворните места и тротоарите, снегот да го складираат на одредени точки, но да не го исфрлаат на улиците, бидејќи создаваат дополнителен проблем во проодноста на улиците и непречено движење на возилата. Исто така, штабот констатираше дека сите патишта од прва категорија, улици и булевари во централното градско подрачје, урбаните и урбано-руралните средини се целосно проодни и третирани; дека патиштата од втора категорија дополнително ќе бидат третирани со сол и средства против замрзнување и дека сите граѓани треба да бидат внимателни како учесници во сообраќајот, особено при паркирањето на јавно-прометните површини. Се апелира и до сопствениците на трговските дуќани да го почитуваат законот, да ги исчистат снежните наноси пред влез и излез на дуќанот, бидејќи тоа е нивна законска обврска.