Педесет и втора седница на Советот на Општина Куманово
Советнички прашања до градоначалникот ќе се поставуваат утре, среда, 17ти Февруари, бидејќи Советот на Општина Куманово ќе ја оддржи педесет и втората седница на чиј дневен ред се 24 точки, меѓу кои извештаи и програми за работа, одлука за распределување на таблети во училиштата, донесување на урбанистичко планска документација и долгоочекуваната точка од опозицијата – да му поставуваат прашања на Димитриевски. Така што, вршејќи директен пренос, ТВ Плус повторно ви овозможува да ја следите будно општинската работа.