Косовари се обиделе на Табановце да излезат со туѓи македонски пасоши
Двајца жители на Косово викендов биле приведени на граничниот премин Табановце, откако приложиле туѓи патни исправи. 25 годишниот З.Е. и 27 годишниот Х.Д., и двајацата од Косово, покажале пасоши од македонски државјани. Идентитетот им бил утврден откако бил извршен преглед на личниот багаж и им биле пронајдени нивните лични документи. Предадени се на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.