Од „Жмара“ до „Мај маркет“ се отстрануваа возила
Екипи на ЈП „Куманово-паркинг“ со асистенција на полицијата, вчера попладне ги креваа возилата што се наоѓаа на коловозот од потегот „Жмара“ до некогашниот „Мај маркет“ и до вечерните часови ја исчистија улицата.
Се разбира дека граѓаните кои што живеат во овој дел на градот и секојдневно се соочуваат со проблеми при движењето ја поздравуваа одлуката, додека пак други негодуваа, сметајќи дека вакви акции би требало да бидат најавени. Инаку, граѓаните неколку години наназад бараат од локалната власт да го реши овој проблем, а не ретко и преку петиции го искажуваа своето мислење, барем улицата да стане еднонасочна. Како една од темите на последнта седница на градскиот совет, ова прашање се разгледа и узурпацијата на тротоарите и останатите слободни површини за пешаците се реши на непопуларен, но ефективен начин.