Престрелка во Лопате

Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили.

Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано.

Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминала колона возила на специјалци. Просторот го надлетуваат и хелихоптери.

Коментари

коментар(и)