Целта е да пошумиме што поголем број површини секаде, вклучувајќи ги и нашите излетнички места – рече од месноста „Студена вода“ Максим Димитриевски. Освен долгорочните мерки, општината успешно спроведува и краткорочни мерки во вид на кампањи, апели и акции, но, и сите граѓани треба да се вклучат активно во сочувување на животната околина и засадување на што поголем број садници, како наједноставен начин во борбата против загадувањето, посочи тој.