Нови 33 случаи на коронавирус во Куманово

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани се 412 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2, и Неготино, Крушево и Богданци – по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.394 тестови преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-294, Биотек-354, Жан Митрев (Филип Втори)-186, Систина-280, лабораторија Лаор–176, МАНУ-0, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.167, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

Коментари

коментар(и)