24-годишен кумановец приведен на Табановце

Дваесет и четиригодишен кумановец вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, под сомнение дека извршил кривично дело. При пасошка контрола било констатирано дека Н.М.(24) од Куманово бил баран по телеграма од Секторот за меѓународна полициска соработка поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело по член 149 став1 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)