Општина Куманово објави јавен оглас за набавка на интерактивни табли и нагледни средства за потребите на средните училишта во Куманово, поточно: стручните „Наце Буѓони” и „Перо Наков” и за Гимназијата „Гоце Делчев”, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки. За набавката е предвидено да се одвојат 7.450.000 денари, без вклучен ДДВ.
Отворањето на понудите е закажано на 31 март годинава во просториите на општина Куманово. За потсетување, Општината претходно одвои средства за набавка на таблети за повеќе училишта и за смарт табли за Гимназијата „Сами Фрашери”.