Модуларната ковид болница во Куманово ги прими првите пациенти

Осум пациенти се сместени во модуларната ковид болница во Куманово, којашто вчера започна со работа. Веднаш по отворањето биле примени седум пациенти, а утринава уште еден. Болницата е со капацитет од 33 легла.

„Болницата е направена по сите стандарди со нов мебел и се она што е потребно за лекување на пациентите. Болничките соби се по 6 и 8 кревети, и ги има сите услови за пациентите и вработените“, изјави директорката Снежана Захариева.

Болничките капацитети на сите три ковид оддели се исполнети 60 отсто или 30 пациенти се водат во дневата болници и 45 се сместени на оддлението. Има место за прием на уште 30 пациенти. Бројот на заболени постојано расте.

Медицинскиот персонал и лекарите од другите одделенија по потреба се ротираат за работа на трите ковид-оддели. За пациентите се грижат специјалисти инфектолози, интернисти, невролози и општи лекари.

Коментари

коментар(и)