Одделението за односи со јавност при Министерството за здравство соопшти дека од денеска е пуштена во употреба он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.
Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сублимирани и достапни тука.
Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 ” vakcinacija.mk “.