Изгласани низа финансиски извештаи за јавни претпријатија во Советот (ВИДЕО)

Почетокот на продолжението од педесет и третата седница беше во знакот на дискусии што се водеа околу финансиските извештаи и плановите за нови вработувања по неколку основи за изминатата година. Вршителот на должност директор на ЈП„Водовод“ – Куманово, Горан Стојковски, беше меѓу првите запрашан од опозицијата да го образложи балансерот за 2020 година и да каже зошто во околните населби водомерите се читаат еднаш годишно и даваат паушални суми.