Ивана Младеновска нов портпарол на СВР Куманово
Ивана Младеновска е новиот портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Младеновска е дипломиран новинар на катедрата по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитеот „Св. Кирил и Методиј“.
Во својата професионална кариера има работено како новинар на интернет порталите „Куманово њуз“ и „Куде“, а во 2014 година беше вработена како новинар на регионалната телевизија „К3“.
Во Секторот за внатрешни работи е вработена од 2019 година. Инаку, кумановските новинари веќе подолго време бараат некого на оваа позиција, како клучна за соработка со медиумите.