Едно починато лице и 34 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово

Министерството за здравство информира  дека во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1.056 нови случаи на ковид-19. Починати се 25 пациенти.

Во Скопје има 590, Битола  57, Прилеп  42, Велес  36, Кавадарци  35, Куманово  34, Охрид  30, Тетово 28, Струмица 21, Гостивар 19, Неготино – 18, Струга и Кичево по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово по 13, Делчево 9, Свети Николе 8, Радовиш и Пробиштип по 7, Кратово 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Валандово и Демир Капија по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2, Пехчево 1.

Регистрирани се 727 оздравени пациенти од:

Скопје 457, Прилеп 58, Куманово 27, Гевгелија 26, Гостивар 22, Тетово и Струмица по 21, Велес 17, Штип 13, Битола и Кочани по 12, Крива Паланка 8, Кичево, Ресен и Богданци по 5, Валандово 4, Пробиштип 3, Радовиш, Крушево и Пехчево по 2, Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола по 4, од Кавадарци 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид.

Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.

Направени се 3.728 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-13, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-189, Авицена-267, Биотек-461, Систина-311, лабораторија Лаор–195, Синлаб-159, Ремедика-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1452.
Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.