Семинар „Физички активности за ученици со посебни образовни потреби“ (ВИДЕО)
Учениците со посебни образовни потреби не смеат да бидат исклучени од физичкото и здравствено образование и во таа насока основното училиште „Крсте Мисирков“ го подготви проектот „Физички активности за ученици со посебни образовни потреби“, во соработка со Општинскиот Сојуз на спортови и Здружението на спортски педагози.