Во Пелинце започна 41-та Меѓународна ликовна колонија

Во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце од вчера започна традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2015“. На 41-то издание на колонијата учествуваат 13 автори од Србија, Романија и Македонија. Организаторите и годинава очекуваат плодна продукција на уметниците, што ќе значи потврда за успешноста на оваа колонија.

-Низ овој простор на ликовната колонија поминале врвни ликовни уметници и благодарение на нив ова е една од најбрендираните колонии во Макеоднија. После тоа се формираа низа колонии, меѓутоа оваа останува како највисокото име во македонското ликовно творештво-наведе градоначалникот Зоран Дамјановски.

Драгана Спасовска, кустос во Уметничката галерија Куманово истакна дека уметниците ќе работат во класичните ликовни дисциплини, сликарство и скулптура.

-Ние како заеднички организатори со Општината и Музејот од Куманово не само што го негуваме оној продуктивен пристап и што ни е важен бидејќи се зголемува таа бројка на фондот на делата, туку и им посакуваме на уметниците да споделат убави моменти со многу дружба, размена на ликовни знаења, искуства од својата традиција-наведе таа.

Уметниците истакнаа дека преубавата локација ги инспирира за создавање на прекрасни дела.

-Прв пат сум на оваа колонија во Куманово и сум многу задоволен бидејќи има услови да се работи скултура, нема ограничувања се работи во природа, прекрасен амбиент, добра организација, наше е да реализираме-истакна Александар Јанев од Гевгелија.

Уметникот Петар Попчев од Скопје, кој прв пат учествува на колонијата се надева дека неговите дела ќе ја збогатат уметничката колонија.

-Прекрасно е во Пелинце од љубезноста на луѓето до смештајот, условите за работа. Се чувствува кумановскиот менталитет кој сака да да даде се-додаде тој.

Традиционалната меѓународна ликовна колонија се одржува уште од 1974 година. Таа првин се одржуваше во манастирот Прохор Пчински, потоа манастирот во Матејче, за да на крај заврши во Пелинице каде се одржува последниве десет години. Ликовната колонија која што ја организираат Националната установа Музеј Куманово со поддршка на локалната самоуправа, е планирано да заврши на 27-ми август. Инаку создадените дела кумановци ќе можат да ги видат на изложбата која што ќе се одржи во чест на Денот на ослободување на градот.

19.08.2015 - lokovna kolonija 2

lokovna koilonija 3

Коментари

коментар(и)