Владата одлучи активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18-ти мај, да продолжат до 1-ви јуни. Ова го препорача Комисијата за заразни болести.
Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.
Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.