Свадби ќе се дозволат, ама со протоколи

Министерот за здравство, Венко Филипче информира ако состојбата со ковид продолжи да биде стабилна, односно ако има и понатаму мал број на новодијагностицирани случаи и мал притисок врз болниците, тогаш многу е веројатно да им се дозволи на угостителите да прават свадби, ама со протоколи во однос на пополнетост на капацитетот.

Според него, маските ќе останат да се користат и на отворено и на затворено, угостителите ќе продолжат да работат на отворено и евентуално ќе се излезе во пресрет да се зголеми бројот на посетители на една маса.

Сите други протоколи ќе останат и понатаму, со 30 проценти исполнетост на затворено и половична исполнетост надвор. За сите овие мерки според Филипче ќе заседава Комисијата за заразни болести по први јуни.

 

Коментари

коментар(и)