Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 278.202 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.202 граѓани.
Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
