Јасмина Георгиевска е назначена за нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ Куманово. По професија е правник, вработена како раководителка на Управата за јавни приходи.
Георгиевска доаѓа на местото на советничката Соња Тодоровска, која сега е член на централниот одбор на партијата.
Избрана е и нова регионална координаторка на Форумот на жени во Изборната единица 2, Ивана Николиќ. Таа доаѓа на местото на Атина Мургашанска.
