Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 11 октомври (понеделник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.
