Во недела одлучуваме дали Куманово ќе продолжи да се развива и шири, да се трансформира во модерен, урбан и чист град, предвесник на промените, истакна кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, од граѓанската инцијатива За наше Куманово.
-Куманово е наш град во недела одлучуваме за иднината на нашиот град дали во следните четири години Куманово ќе продолжи да се развива и шири, да се трансформира во еден модерен, урбан, чист град кој што нуди перспективи. Ве повикувам во недела на 17-ти сите масовно да излезете на гласање за претстојните локални избори, да ја дадете својата поддршка за концептот За наше Куманово, за мене како ваш сегашен и иден градоначалник под реден број 80 и за советничката листа за наше Kуманово предводена од Ивана Ѓорѓиевска и реден број 61. Куманово заслужува да продолжи да се развива и да се шири. Куманово секогаш во својата историја бил предвесник на одредени промени. Ајде заедно да продолжиме заедно да го градиме наше Куманово, за мое за твое, за наше Куманово. Сите заедно на 17-ти да покажеме дека Куманово секогаш бил град на непокор, и град кој предизвикувал сериозни промени на подобро во нашето општество-истакна тој.