Инвестирање во подобрување на патната инфраструктура, изградба на пет нови кружни текови, воведување на пешачка зона во централното градско подрачје, велосипедски прстен, реконструкција и изградба на тротоари се проекти од програмата на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ кои се клучни за пофункционална и побезбедна општина за сите граѓани, рече на денешната прес-конференција кандидатот за советник Стефан Петковски.
– Да изградиме 5 нови кружни текови: 1) На крстосница помеѓу улиците „Бајрам Шабани“, булевар „Трета МУБ“ и улица „Гоце Делчев“ (локалитет Серава). 2) На крстосница помеѓу булевар „Октомвриска револуција“ и булевар „Трета МУБ“. 3) На крстосница помеѓу булевар „Октомвриска револуција“, улица „Доне Божинов“ (во близина на бензинска станица „Макпетрол“). 4) На крстосница помеѓу булевар „Трета МУБ“ и улица „Тоде Мендол“ (градски пазар). 5) Кружен тек на раскрсница помеѓу булевар „Трета МУБ“ и улица „Видое Смилевски Бато“ (влез во с. Проевце).
– Во две фази ќе го имплементираме планот за подобрување на Куманово со воведување на пешачка зона во централното градско подрачје. – По победата на локалните избори, во следните 4 години, ќе почнеме со градење на велосипедски прстен. Ќе направиме редефинирање на постоечки сообраќајници и обезбедување на континуитет со движење на велосипед по сигурни и по безбедни траси, со формирање на велосипедски прстен во две фази. Во Фаза 1 е превидено Траса која почнува од кружниот тек на влезот од градот, по должина на булевар „Трета МУБ“ од две страни, по должина на булевар „Октомвриска револуција“ до поранешен Ловечки дом од двете страни, улица „Доне Божинов“, улица „11 Октомври“, сè до повторно враќање на кружниот тек на влезот од градот. Во Фаза 2 е предвидено Траса по должина на улиците: „Народна револуција“, „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“, „Видое Смилевски Бато“, „Бајрам Шабани“, „Братство Единство“, „Моша Пијаде“ и „Браќа Рибар“.
– Следува реконструкција и изградба на тротоари, ослободување на постојните тротоари од паркирани возила со метални столпчиња и ставање во функција на пешаците, со дополнително поставување на урбана опрема по нивна должина.
„Во делот на сообраќајната инфраструктура , според Петковски, ќе биде реализиран Планот за одржлива урбана мобилност Куманово 2020/2030, кој што е усвоен од Советот на општината“, а во програмата предвидено е воведување на нови автобуски линии, но и модернизација на јавниот градски превоз, рече Петковски.
-Модернизирање на автобуски постојки со истакнување на возен ред и линии, безжичен интернет и ГПС систем). Почитувани, Во недела, на 31-ви октомври дадете ни ја повторно довербата за да можеме да продолжиме со развојот и грижата За наше Куманово! Дозволете ни да го направиме Куманово поубаво место за живеење. Дозволете ни да направиме позитивни промени во секој сегмент од општественото живеење. Ајде заеднички да вложуваме, да се грижиме за општината.
Куманово е на сите нејзини граѓани и со ваков пристап мораме да продолжиме со имплементирање на локалните политики, посочува Петковски.