(ВИДЕО) Илиевски и Заев побараа поддршка од жителите на „Гоце Делчев“

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, заедно со лидерот на партијата, Зоран Заев, потпретседателот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари средба со жителите на населбата Гоце Делчев. Илиевски вети модерен плоштад, стадион, три катни гаражи, кеј, реконструкција на паркови, најдолга велосипедска патека и чисти и зелени населби.

Барајќи ја поддршката и презентирајќи ја програмата „Најдоброто за мојата општина“, Илиевски нагласи дека градот треба да се уредува и развива. Најави и изградба на спомен плоча на револуционерот Гоце Делчев. Укажа дека Владата изминативе четири години вложила 120 милиони евра за проекти околу Куманово.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев нагласи дека Куманово ќе продолжи да биде град на единство, обединување и победа. Нагласи дека по 30 години, Куманово не смее да дозволи да се врати режимот. Актуелниот градоначалник го обвини за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и договарање на вработувања во општинската администрација, училиштата и јавни претпријатија.