Приведен 25-годишен кумановец поради кражба

Дваесет и петгодишен кумановец е лишен од слобода, поради сомнение дека извршил кражба во Средорек. Имено тој на пред осум дена, наводно одзел апарати за домаќинство и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот  против него ќе биде  поднесена соодветна пријава, информира полицијата.