Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ќе води грижа за сите граѓани, затоа и во програмата предвидуваме отворање на градска кујна, преноќевалиште за бездомници, субвенции за комунални услуги и јавен градски превоз за неколку категории, истакнаа на прес конференцијата од оваа иницијатива.
-Хуманоста и инклузивноста се главната одлика за Куманово. Изминатите години покажавме вистинска грижа за секого поеднакво,а во улови на Ковид 19, ниту еден граѓанин не беше оставен сам на себе. Повеќе од 5.000 пакети со помош беа дистрибуирани до социјално загрозени семејства. По победата на 31-ви октомври, ќе работиме за подобар живот за сите граѓани, ќе отвориме градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија, пренеќовалиште за бездомници, и психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство, поплави и пожари. Во план е изготвување на Програма за реинтеграција на маргинализирани лица, децата од социјално-загрозени семејства ќе бидат вклучени во воннаставни активности и неформално образование преку бесплатни курсеви, екскурзии. Ќе субвенционираме трошоци за комунални услуги и јавен градски превоз за стечајни работници, самохрани родители, слепи лица, згрижувачки семејства, деца без родители-истакна Дарко Митевски, од инцијативата „За наше Куманово“, кој воедно ги повика в недела кумановци да им дадат поддршка.
