Општината набави опрема за основни училишта

Општина Куманово набави 82 интерактивни (смарт) табли, помошно-технички помагала и опрема за спортски сали, кои ги подели во основните училишта.  Претходно беа опремени средните општински училишта.

Во изминатите 4 години реализирани се над 160 проекти за подобрување на
условите во училиштата во Куманово, информираат од општината.