Продолжува реализацијата на проекти кои имаат за цел да ја унапредат општина Куманово и да го подобрат квалитетот на живот на сите кумановци.
Во тек е асфалтирање на ул.620 кон село Проевце, а се асфалтираше улица 205 во населба Карпош. Се асфалтира и се подобрува инфраструктурата во село Костурник и ул.207 во населба Карпош.
Село Романовце и Агино село добија по едно ново спортско игралиште со тартан подлога, а во тек е изградба на ново игралиште во ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.
Во програмата за мандатот 2021/2025 година предвидени за имплементација се повеќе од 800 проекти од областа на инфраструктура, образование, гасификација, спорт, култура, локален економски развој, заштита на животната средина, транспарентна и одговорна општина, информираат од кабинетот на градоначланикот, Максим Димитриевски.
