18-годишна кумановка во полицијата пријавила дека вчера околу 23 часот, била измамена од едно лице за сума од 2.000 денари.
Според пријавеното, додека била на работно место во угостителски објект на улица.„Ленинова“, лицето дошло, побарало услуга и прашало да плати со евра.
Како што е пријавено, таа се согласила и лицето и побарало 2000 денари и да почека да ги донесе еврата од возилото, по што излегло и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
