Куманово денеска одбележува 77 години од ослободувањето и 502 години постоење.
На 11-ти ноември 1944 година Куманово е ослободено од фашистичката војска. Жестоки борби за слобода се воделе од 1-ви до 11-ти ноември, а во акциите за ослободување на Куманово учествувале две бригади од составот на кумановската дивизија и баталјон на народната одбрана. Во четиригодишната броба против фашистите учествувале над 2000 кумановски борци, од кои 455 загинале.
Куманово, градот првоборец даде осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски – Папучар, Христијан Тодоровски – Карпош, Мара Нацева и Трајко Стојковски.

