Пешак повреден на улицата „Никола Тесла“

Четириесет и тригодишен пешак е потешко повреден, откако во него удрило возило на улицата Никола Тесла. Незгодата се случила вчера околу 17 и 40 часот, кога патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19 години) од Куманово, удрило во пешак Д.Т.(43 години) од Куманово.

Во несреќата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информира кумановската полиција. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.