Во тек е обуката на негователи на стари и лица со попреченост, која е во рамки на проектот „Развивање сервис во домашни услови за домашна нега, а го реализираат „Порака наша“, домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Црвениот крст. До крајот на декември ќе се обучат 15 лица, а за целите на проектот од јануари ќе бидат анажирани осум негователи. Нивниот ангажман ќе трае 14 месеци.
-Ова е една вонинституционална форма на социјална заштита и ние се трудиме самиот проект да го доближиме до граѓаните на Куманово, како и пошироко со цел да овозможиме негово понатамошно реализирање и имплементација во системот, сакаме системско решение за овие две категории и се надеваме дека ќе најдеме и ќе допреме до надлежните со цел да овозможиме едно системско решение. Проеку овој проект се обидуваме двете ранливи категории активно да ги вклучиме во социјалниот живот, исто така со тоа ќе го подобриме и квалитетот на животот, меѓутоа и квалитетот на услугите и бројот на активностите кои моментално се застапени кај овие две категории и на еден начин ќе овозможиме самите категории да се присустни во секојдневието и на некој начин преку организација на слободно време, грижа, едукација, помош, самопомош на двете ранливи категории ќе направиме една инклузија во општеството-истакна Фросина Симоновска, дефектолог „Порака Наша“.
Обуката за негователки ја посетуваат невработените лица кои претходно морале да достават потврда од Агенцијата за вработување. Инаку проектот се реализира со поддршка на австриското Министерство за социјални работи и нивниот Црвен крст.
