Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако автомобил управуван од кумановец удрил во работна машина паркирана покрај самиот автопат Миладиновци – Штип.
МВР информира дека синоќа околу 21 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопатот Миладиновци – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, 52-годишен кумановец кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина паркирана надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот на возраст од 54 години од Куманово, констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип, информира МВР.