Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ организираше завршна манифестација на која додели благодарници на спонзорите кои што помогнале да се одржи Вториот меѓународен фолклорен фестивал. Пред присутните се обрати, уметничкиот директор, Мирослав Крстевски, кој истакна дека без поддршка на претпријатијата но и општината, овој фестивал немаше да се одржи. Нагласи дека годинава фестивалот не добил поддршка од Министерството за култура. Благодарница за успешната соработка доби и Телевизија Плус.

-Ние како организатори се потрудивме во ова време- невреме да обезбедиме еден добар фестивал и верувајте дека во Македонија со најголем број учесници, ансамбли од пет земји, направивме фестивал кој траеше три дена во Куманово. Да изразам благодарност на спонзорите, можеби не сите што ги има на број во самиот проспект, поголем дел навистина помогнаа и верувајте дека оваа година бевме на некој начин, не отфрлени но поради проблеми во Министерстовото за култура, но изостанаа тие средства, поддршка добивме од општината 200.000 и уште дополнителни 60.000 средства, но многу помогнаа наши пријатели, кои го чувствуваат овој фестивал, кој е на цело Куманово-истакна тој.

Посебна благодарност Крстевски истакна и до активистите кои го подготвиле настапот на фолклористите од КУД Панче Пешев и работеле согласно здравствените протоколи.
-Да се надеваме дека наредната година министерството нема да не исклучи а знаете зошто имало проблеми имаше 5.000 приговори беа средства дадени па вратени и ние сме од нив, добивме, меѓутоа вративме, раскинавме договор, но тие средства каде се заминати ќе се проверува. Наредна година очекуваме шест ансамбли од шест земји од надвор, Мексико, Колумбија, Грузија, Костарика, Србија и Бугарија и осум ансамбли од Македонија. Голем е интерес од градовите од Македонија за учество, фестивалот си го наоѓа своето место-дополни тој.

Вториот меѓународен фолклорен фестивал е забележан и на видео запис.
