Едно лице добило повреди со остар предмет во селото Матејче, општина Липково, откако било нападнато од неколку лица. Завчера во СВР Куманово-полицискиот одделние Матејче, Б.З.(35 години ) од село Гошинце, општина Липково, пријавил дека О.О.(48 години) од село Матејче, општина Липково, физички го нападнал Х.З., нанесувајќи му повреда со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во врска со случајот, О.О. пријавил дека на пат во селото бил физички нападнат од Х.З. и уште неколку други лица.
Од полицијата додаваат, дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.