Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека не се во план да предложуваат нови рестриктивни мерки.
„Остануваме со овие мерки кои сметаме дека се добро димензионирани. Цело време ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој, се уште се испитува, па така нема потреба да правиме нови рестрикации. Временски период е кога може да има нови случаи, поладно е времето и луѓето се повеќе во затворени простории“, вели министерот.
Тој додаде дека на утрешната седница на Влада ќе дебатираат за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од нивните пациенти да се вакцинираат.
„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат-рече ресорниот министер.
